На патот кон Келн останаа 12 екипи!

Лигата на шампионите ќе продолжи со натпреварите од Главната рунда, во која место обезбедија по две екипи од шесте групи што се играа во Прелиминарниот дел.

ЛШ, според принцип многу сличен на оној на Европското првенство, заврши за половина од учесниците по само шест одиграни натпревари. Подобрата половина веќе формираше две групи со по шест екипи. Групите А, Б и Ц ја формираа Групата 1, додека групите Д, Е и Ф ја формираа Групата 2. Бодовите освоени во Прелиминарниот дел се пренесуваат, па така нема повторно да гледаме дуели меѓу Мелсунген и Висла Плоцк, на пример.

Со максимален ефект од две победи во првата група влегува единствено Веспрем, додека во втората група Барса, Спортинг и Магдебург пренесуваат по четири бода.

Ќе се одиграат уште осум кола, по што сезоната ќе заврши за последнопласираните екипи во двете групи. Двете екипи што ќе завршат на петтото место, пак, ќе продолжат во елиминациите во ЕХФ Европската лига.

Првите четири екипи од двете групи ќе вкрстат според системот 1 против 4 и 2 против 3. Послаборангираните екипи првите натпревари ќе ги играат на домашен терен. Потоа ќе следува ждрепка за Ф4-турнирот.

Лига на шампиони,
Главна рунда:
Група 1: Веспрем 4, ПСЖ 3, Мелсунген 2, Висла Плоцк 2, Алборг 1, Фуксе Берлин 0
Група 2: Барса 4, Спортинг 4, Магдебург 4, Келце 0, ГОГ Гудме 0, Динамо Букурешт 0