И Литванија одбра Шпанец за селектор

Ппанскиот стручњак Карлос Мартин Сантос е нов селектор на машката ракометна репрезентација на Литванија, објави Литванската ракометна федерација.
Сантос доаѓа на местото на Гинтарас Савукинас, кој поради сериозни здравствени проблеми мораше да се повлече од тренерските обврски. Литванскиот стратег, кој има 55 години, според информациите објавени во норвешките ракометни медиуми, е на целосно боледување на неопределено време. Детали за неговата здравствена состојба засега не се објавени.

Новиот селектор Сантос ќе ја преземе репрезентацијата во период кога Литванија продолжува со подготовките за следните репрезентативни предизвици и дуелите од квалификациите за ЕП 2028. Во неговиот стручен штаб ќе биде вклучен и поранешниот литвански репрезентативец Ајденас Малашинскас.