Стојановиќ одбра тим за јуниорското СП

Селекторот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го објави поширокиот список на ракометари за настап на претстојното Светско првенство што ќе се одржи летово во Полска.

Спремен е и планот за подготовки, според кој за врме на ЕХФ неделата младинската селекција ќе оддигра пријателски средби против младински екипи од домашното првенство. На 08.05 е предвиден натпревар против младинската екипа на РК Бутел Скопје , ден подоцна против РК Вардар 1961 или РК Пролет 62.