Гиљермо Милано ја плати сметката за поразот од Пелистер во последното коло. Вардар денеска го поздрави новиот тренер на екипата - Иван Чупиќ
Вардар 1961 денеска го промовираше хрватскиот тренер Иван Чупиќ за нов прв тренер на црвено-црната екипа. Иван Чупиќ и Вардар како играч и клуб имаа соработка што ќе остане засекогаш запаметена и запечатена со голот на Чупиќ против ПСЖ во последните секунди што на Вардар му ја донесе првата титула во Лигата на шампионите.
Чупиќ се враќа, како тренер. Хрват ќе биде тренер на голманите, тоа ќе биде Марио Калентриќ
Сите Чупиќ го паметите како легенда на Вардар, човек кој во 2017 година ја обезбеди титулата во Лигата на шампионите. Имавме многу опции за тренери, од дома и од странство. Сепак, мене и мојот тим не поттикна да го одбереме Чупиќ поради тоа што уште кога играше во Вардар покажуваше тренерски амбиции. Тој при заминувањето ми побара во иднина да добие шанса и да го води Вардар како тренер, што ми беше чудно. Меѓу другите кандидати кои беа седум-осум, со еден разговор со Иван се договоривме веднаш“, изјави Михајловски.
Иван Чупиќ, изјави дека е пресреќен што одново е во Вардар.
„Многу сум среќен, но и благодарен до мојот клуб Метковиќ бидејќи веднаш кога дојде повикот од Вардар ми дозволија да заминам. Сите знаете колку ми значи Вардар, Скопје и Македонија, како и „Комити“. Сакам да ветам дека јас и целата моја екипа мора да понесе одговорност, да бидеме почестени што претставуваме еден голем клуб како Вардар. Немаат сите шанса да работат под притисок, бидејќи тоа е привилегија во нашиот спорт. Свесен сум дека како млад тренер добив неверојатна шанса да водам ваков клуб, каква што не добиваат сите. Најважно ми е мојата екипа на правилен начин да го претставуваме овој клуб. Сакам овој град пак да заживее за Вардар, да се повторуваат натпревари како тој со Пелистер“, изјави Чупиќ.