Охридска премиера во Автокоманда

Тренерите на суперлигашките екипи денеска добија корисни информации според кои ќе можат да ја темпираат формата на своите екипи. РФМ со ждрепка го одреди распоредот на натпревари за следната сезона во која во најсилната конкуренција одново ќе се натпреваруваат 12 екипи, кои по есенскиот дел ќе продолжат во Плејоф и Плејаут од по шест тима.

Ждрепката сакаше уште во првото коло да се игра големо дерби, а актерите ќе бидат екипите на РК Алкалоид и ГРК Охрид. Домаќин на првото дерби ќе екипата на РК Алкалоид, a публиката во Автокоманда прва ќе го гледа во живо на официјален меч новиот охридски тим.
Календарот на натпреварување со точните термини во кои ќе се играат натпреварите дополнително ќе биде составен од службите на Ракометната федерација на Македонија.

СУПЕРЛИГА СЕЗОНА 2025/26
ПРВО КОЛО:
РК Алкалоид – ГРК Охрид
РК Прилеп – РК Еурофарм Пелистер 2
МРК Куманово – РК Радовиш
РК Бутел Скопје – РК Еурофарм Пелистер
РК Пролет 62 – ГРК Тиквеш 2014
РК Струга – РК Вардар 1961

Поврзани вести