Кеита ќе го менува Срдановиќ во Вардар

Вардар не чекаше долго за да најде замена за Марко Срдановиќ кој следната сезона се враќа во Србија и ќе игра за екипата на Војводина.
Замената за Срдановиќ доѓа од Франција. Мамаду Кеита, ракометар што има играно за Иври, Бенфика, Ла Риоха и во моментов во тимот на Анхел Хименез.


Французинот Махамаду Кеита (29) кој игра на позицијата лево крило е нов ракометар на Вардар. Клубот го потпиша играчот кој моментно настапува во шпанската AСОБАЛ лига за тимот на Анхел Хименез, а има и трофеј од настапи во Лига Европа.
Како дел од Бенфика, во 2022 година Кеита ја освои Лига Европа и беше дел од тимот кој во финалето го победи Магдебург.
Кеита има искуство со настапи во три лиги, во Франција каде играше за ЦСМ и Иври, во Португалија настапуваше за Бенфика, а во Шпанија за Логроњо и за Анхел Хименез. Со Бенфика и со Логроњо беше дел ЕХФ Лига Европа.
Во сезоната 22/23 како дел од Логроњо постигна 123 гола на 35 натпревари, а во моментов за Анхел Хименез има дадено 25 гола.