Алкалоид, домаќин на реванш финалето во ЕХФ Европскиот Куп

Алкалоид и АЕК ќе се сретнат во финалето на ЕХФ Европскиот Куп на два натпревари по што ќе биде прогласен и победникот во ова европско натпреварување. 
АЕК ќе биде домаќин на првиот натпревар од финалето, а Алкалоид ќе игра на домашен терен во реваншот. 

Денеска во Виена со ждрепка беше одредено која екипа ќе ја има можноста реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп да го игра на домашен терен.

Термините за одигрување на натпреварите се 17-18 мај за првиот меч, а реваншот ќе се игра на 24/25 мај, паралелно со Фајналфор турнирот во ЕХФ Европската лига што ќе одржува во Хамбург.