Мартин Велковски ги пропушта квалификациите

Клупската ракометна сцена од денеска се заменува со репрезентативната затоа што почнуваат подготовките за последните две кола од квалификациите за пласман на ЕП 2026.

Македонскиот тим е во групата со Словенија која како веќе квалификувана селекција со третиот состав ќе ги игра двата последни меча (Литванија на гости и Естонија дома), потоа со нашиот следен противник а тоа е Естонија, репрезентација што нема шанси да се пласира на ЕП и селекцијата на Литванија со која ќе се бориме за второто место.

Кирил Лазаров денеска ќе има на собир 20 од предвидените 21 ракометар. По повредите на Мартко Митев и Игор Ѓоргиев, нов пех за селекторот и репрезентацијата е повредата на десниот бек Мартин Велковски. Тој и вчера не настапи на дерби мечот меѓу Алкалоид и Вардар 1961, а нема да игра ниту против Естонија и Литванија.

Мартин Велковски за актуелната акција беше селектиран како централен бек, а на таа позиција се уште и Филип Кузмановски и Мартин Ивановски. 
На десната бековска позиција, пак, Мартин Серафимов и Томислав Јагуриновски, ќе бидат првата опција за десната бековска позиција.
На поширокиот список Кирил Лазаров има неколку други опции за среден бек и за десен бек, но барем на почетокот на подоготовките не се најавени нови имиња и собирот ќе почне со 20 ракометари.

Македонија на 7 мај ќе игра со Естонија на гости, а на 11 мај во Скопје е главниот меч со Литванија.

Поврзани вести