ТРАНСФЕР ВЕСТИ: Бројни заминувања од Барса, замена за најдобриот бундес стрелец...

Photo: Hannover Burgdorf

- Норвешкиот бек Синдре Ахо (фото) ќе биде замената за Марко Гргиќ во екипата на Хановер. Синдре Ахо во моментов игра во Монпеље.

- Потврден е трансферот на Ахмед Хешам во Веспрем. Египетскиот бек беше најдобар стрелец на кадетското СП Македонија 2019.

- Ракометарот на Барса, Пол Валера следната сезона ќе игра за екипата на Порто. Тој е шестиот играч што потврдено заминува од каталонскиот клуб.
- Голманот на Извиѓач, Харис Суљевиќ потпиша за шпанската екипа Кањас.

- Данскиот бек Оливер Норлик е замената за унгарскиот репрезентативец со српско потекло, Зоран Илиќ.

- Словенецот Матиц Гросељ од екипата на Шарт доаѓа во екипата на Шамбери

- Грузискиот ракометар Николос Каландаѕе од Шамбери заминува во Екс Прованс

- Себастијан Скубе, постариот брат на некогашниот вардаров бек Сташ Скубе од Шамбери се сели во Шарт.
- Словенецот Петер Шишко, екипата на Висла Плоцк ја менува со францускиот Шарт.

- Шпанскиот бек Јан Тарафета доаѓа во Нант од редовите на Екс Прованс.

- Десниот бек на Алборг, Јацк Турин следната сезона ќе игра во екипата на Монпеље. Во Монпеље доаѓаат и Агустин Касадо (Веспрем), Звонимир Срна (Загреб), Рожерио Мораеш (Мелзунген)...











 

Поврзани вести