Стојковиќ: Не се задоволуваме со финале

Photo: RK Alkaloid

Алкалоид е во Атина и се подготвува за утрешното финале во кое противник ќе му биде тимот на АЕК. Македонскиот тим играше натпревари во збиен распоред во кои не се штедеше, но успеа да ја одржи главата над водата и сега е во позиција да игра и за пехар во Европа.

Марко Стојковиќ, младиот линиски напаѓач и играч во два правца трпеливо оди чекор по чекор напред во својата кариера. Пикерите имаат тешка задача на теренот и нивната улога често не се препознава и валоризира, но откажување нема. Стојковиќ изоде долг пат откако дојде во клубот, напредуваше во сите сфери, но процесот на докажување е константна работа и има уште долг пат пред себе. Ако на тој пат има и победничко селфи со европски пехар, сигурно ќе биде полесно да се чекори.

„Максимално ќе се подготвиме. Работиме напорно неделава за претстојните натпревари од финалето на ЕХФ Куп. Ќе одиме на победа на двата натпревари, како и секогаш. Сите знаеме што значи да се игра финале. Сакаме да го освоиме Купот, тоа не е мала работа. Нормално е да има позитивен притисок, не се задоволуваме со тоа што стигнавме до финале, сакаме да го направиме и тој последен чекор. Ако играме сите максимално посветено и ангажирано, имаме шанса да оствариме позитивен резултат“, вели Марко Стојковиќ