Светлата на рефлекторите денеска беа свртени кон данскиот град Хернинг каде што се одржа ждрепката за Европското првенство што заеднички ќе го организираат Данска, Шведска и Норвешка.
Шест групи со по четири тима, во секоја од трите земји домаќини по две групи.
Данска ќе биде домаќин во Хернинг, Норвешка ќе биде домаќин во Осло, а Шведска домаќин во Малме и Кристијанштат.
Македонија според критериумите според кој ЕХФ ги составува групите на носители, беше во третиот шешир.
ДАНСКА (ХЕРНИНГ)
ГРУПА „А“:
Германија, Шпанија, Австрија, Србија
ГРУПА „Б“:
Данска, Португалија, Македонија, Романија
НОРВЕШКА (ОСЛО)
ГРУПА „Ц“:
Франција, Норвешка, Чешка, Украина
ГРУПА „Д“:
Словенија, Ф. Острови, Ц. Гора, Швајцарија
ШВЕДСКА (МАЛМЕ/КРИСТИЈАНШТАТ)
ГРУПА „Е“:
Шведска, Хрватска, Холандија, Грузија
ГРУПА „Ф“:
Исланд, Унгарија, Полска, Италија