Петриќ две сезони во ГРК Охрид

фото: rk vardar

Екипата на ГРК Охрид наскоро ќе промовира уште еден нов ракометар. Официјално е потврдено од клубот дека српскиот бек Стефан Петриќ кој досега беше дел од екипата на Вардар, во следните две сезони ќе го носи сино-белиот дрес на охридскиот тим. 
На овој начин охриѓани ќе го надополнат на стартот на следната сезона отсуството на Темо Орјоникидѕе кој неодамна се оперираше и долго ќе паузира.