Photo: Attribution: © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)
Херојот на Магдебург од финалето на Лигата на шампионите во 2023 година, Гисли Кристијансон можеби ќе го пропушти годинешниот „Ф4“ во Келн. Исландскиот бек по само три минути игра на првенствениот натпревар со Лемго мораше да го напушти теренот поради повреда на левото, нешутерско рамо.
Конечната дијагноза ќе биде поставена денеска, но од клубот информираа дека најблагата варијанта е повреда на лигаментите.
Слична беше ситуацијата со Гисли Кристијансон и во 2023 кога се повреди во полуфиналето со Барса, но се појави следниот ден во финалето и беше најдобриот играч во триумфот на германскиот состав.
Годинава во полуфиналето на Ф4, на 14 јуни, Магдебург ќе игра против Барса