Тренерскaта академија „Handball4all“ своето издание во 2025 ќе го има на 11 и 12 јуни во градот Нови Сад, а како и досега проверени тренерски имиња ќе имаат свои излагања и практични демонстрации. Оваа година од учесниците, покрај Драган Ѓукиќ кој е организатор на настанот, меѓудругите ќе ги издвоиме и црногорскиот тренер Драган Аџиќ кој е еден од најдобрите тренери во женскиот ракомет последнава деценија и италијанско-шведскиот тренер Јохан Заноти.
Меѓународната комуникација и создавање и јакнење на врски со тренерите од другите држави е една од работите која е слаба страна или е само празно поле во резимето на повеќе македонски тренери. Настан каков што е „Handball4all“ е убава можност освен да се научи нешто од познатите имиња, да се формираат и одржуваат врски и да се биде во тек со трендовите. Особено што учеството е бесплатно.
На претходните изданија имаат учествувано македонски тренери, меѓу нив биле и Кирил Лазаров, Стевче Алушовски, Горан Кузманоски Таста...