Официјално заврши сезоната 2024/25

Photo: RK Alkaloid/Filip Viranovski

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ - РК АЛКАЛОИД  22-31 (11-14)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Марјан Огњановски
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Блажевски, Субашевски 1, Георгиевски, Николов 3, Јаневски, Новаковски, Спасовски, Т. Узунчев 2, Д. Узунчев 5, Милошески 3, Киселовски, Каевски 2, Михајловиќ 4, Шолиќ 1, Давитковски
Седмерци: 2/5 Исклучувања: 2 мин. 
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 5, Маркоски 1, Младеновиќ, Серафимов 5, Карасманакис, Стојковиќ 4, Ѓоргиев 1, Велковски, Симоноски, Ивановски 2, Бинго, Франциско 3, Петковски 5, Савревски 5
Седмерци: 5/7 Исклучувања: 8 мин. 


Со натпреварот меѓу Бутел Скопје и Алкалоид одигран денеска во Автокоманда, официјално е завршена сезоната 2024/25 во македонското првенство. 
Овој натпревар не решаваше за пласманот на екипите, иако и двата тима професионално си ја завршија работата и на оваа средба. 
Алкалоид кој беше во улога на гостин резултатски го контролираше натпреварот уште од почетокот. По водството од 5-2, водеше и со 7-4, а домашниот состав на двапати успеа да израмни, прво на 8-8, а потоа беше и 9-9. На полувреме резултатот беше 14-11, а во вториот дел, по воведната игра гол за гол, разликата почна да се зголемува. 
РК Алкалоид ја удвои предноста (20-14), стигна и до водство од девет гола разлика (26-17), а потоа на таа дистанца од осум до девет гола го држеше противникот до конечните 31-22.