Photo © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)
Силно се бранува морето шпекулации за ракометни трансфери откако заврши сезоната и клубовите и ракометари почнаа да ги откриваат своите планови за следната сезона и за таа после неа што е своевиден ракометен куриозитет во однос на другите спортови.
ГОГ Гудме, данскиот тим што чека разврска на спорот меѓу Федерацијата и Скјерн околу апликацијата за Лигата на шампионите
(прочитајте овде) ги затресе двата најголеми германски клубови - Кил и Флензбург.
Од Кил го бараат Елијас Елефсен а Скипаготу, репрезентативецот на Фарски острови. Кил го негираше трансферот, но некако истовремено се појави и шпекулација дека нивни нов играч би можел да стане Домен Макуц од Барса, ракометар од истата позиција како и Скипаготу, па можеби оваа приказна ќе продолжи да се развива.
Според повеќе медиуми, следниот на списокот на ГОГ е Кевин Мелер, голманот на Флензбург кој беше МВП во финалето на Ф4 во ЕХФ Европската лига и му донесе пехар и ја спаси сезоната на (петопласирниот) бундеслигаш.
Мелер има 35 години и сака да се врати назад во Данска, а таму со раширени раце би го пречекале во Гудме. Но, има и договор со Флензбург до 2027.