Фото: Ракометна федерација на Македонија
РК СТРУГА - РК МУЛТИ ЕСЕНС 24-19 (12-12)
Екипата на Струга е победник во бараж дуелот што за нив значеше опстанок, а за нивниот противник, екипата на Мулти Есенс, шанса да се врати во Суперлигата.
Прилеп беше неутралниот терен на кој силите ги одмерија претпоследниот од Суперлигата и второпласираниот тим од Првата лига. Во првиот дел беше резултатски неизвесно. Мулти Есенс водеше со три гола разлика (8-5), но Струга со серија од 6-1 премина во водство, по што полувремето заврши со резултат 12-12.
Стружани почнаа резултатски да се одлепуваат уште на почетокот на второто полувреме (16-12), а потоа успеаја да ја задржат предноста и да запишат конечна победа од 24-19.
Ненад Костоски со девет гола беше најдобар стрелец во тимот на Струга, а Христијан Гурмешевиќ со шест гола за екипата на Мулти Есенс.