PHOTO: RK EUROFARM PELISTER
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР - БАРСА 28-55 (9-22)
Екипата на Еурофарм Пелистер утрово беше поразена од екипата на Барса во мечот за трето место на Ф4 турнирот на ЕХФ Младинскиот клупски трофеј.
Младите битолски ракометари, денеска беа комплетно надиграни од своите врсници од најславниот клуб и запишаа пораз од 28-55 (9-22).
Со овој меч, заврши европската авантура на Е. Пелистер во новото натпреварување на ЕХФ кое допрва ќе се развива, веруваме дека ќе ги отстрани недостатоците и ќе ја добие својата вистинска форма.
Во битката за пехарот, денеска во Ланксес Арена ќе се сретнат екипите на ГОГ и Веспрем.