PHOTO: HBC Nantes
НАНТ – БАРСА 30-25 (14-9)
Одриозола 6, Турна 4, Абди 4 - Ричардсон 8, Гомез 4
Екипата на Нант е победник во дуелот за третото место на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во Келн. Во предиграта на големото финале, се сретнаа двете поразени екипи од полуфиналето, Нант и Барса.
Пристапот кон натпреварот, многу различен за двата тима. За Нант настапот на Ф4 и натаму беше свечен момент, играа мотивирано, покажуваа многу емоции и во дуелите и при постигнувањето на головите.
За Барса, приказната комплето различна. Барса и шпанските медиуми се гневни на македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Ги обвинуваат за директно влијание на вчерашниот пораз од Магдебург.
Денеска, неамбициозни. Тијагуш Петруш, на трибини. Вчерашниот црвен картон за Бразилецот значеше и крај на неговото играње за Барса. Следната сезона, ќе игра во Веспрем.
Домен Макуц, Блаж Јанц и Петар Цикуша, вкупно постигнати голови – нула.
Резултатски, мотивираниот француски клуб во првото полувреме успеа да се одлепи на четири-пет гола, во вториот дел, го одржаа водството, а Барса не „повлече“ доволно силно за да издејствува пресврт, напротив, индивидуално имаа убави потези Енгесан, Ричардсон, Мем, но не беа ни блиску да го загрозат водството на Французите.
Екипата на ГОГ е победник на првиот ЕХФ Младински клупски трофеј. Во финалето на новото европско натпреварување во млади категории, екипата на ГОГ го совлада тимот на Веспрем со 37-28.