Новиот клуб на Јагуриновски, може да испадне од Лигата!

Фото: ГРК Охрид

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски летово се реши за трансфер во Германија и потпиша договор со екипата Дасау Рослаер, екипа што игра во втората Бундеслига.
Но, неговиот тим има проблем. Голем проблем.
Имено, федералниот суд, ја промени одлуката на Бундеслигата и натпреварот меѓу Есен и Десау Рослаер одигран на 27 април, што заврши со победа на гостите од 28-27 мора да се преигра.
Причината е што во еден момент во последните секунди од натпреварот, гостите на терен имале седум ракометари место шест.
Есен кому победа на овој меч ќе му донесе мество во Германскиот Куп, приложи жалба, по што второстепено беше донесена оваа одлука.
Ако екипата на Десау Рослер, загуби на овој натпревар, од десеттото ќе падне на 17 место и ќе испадне од Втората Бундеслига.
Дали Томислав Јагуриновски би останал во клубот ако треба да игра во Третата лига, ќе видиме откако ќе го дознаеме епилогот на натпреварот што треба да се игра.