-
17.6.2025
-
Македонски ракомет
Фото: РК Еурофарм Пелистер
Хрватскиот голман Филип Ивиќ заминува од екипата на Еурофарм Пелистер и ќе се пресели во редовите на новосадска Војводина, вицепрвакот на Србија. Информацијата ја објавија повеќе извори, се очекува верификација од Битола, Нови Сад или од голманот, лично.
Филип Ивиќ во Пелистер дојде од редовите на Шамбери, со богато резиме во кое се запишани настапи за повеќе звучни имиња како Келце, Гумерзбах, Целје...
Во Битола требаше да биде првиот голман, но сезоната ја заврши како трет голман, откако и младиот Давид Брестовац покажа подобри изданија и му го презема местото во клубот.
По ова стана прилично јасно дека, иако има уште една година договор, раскинот е најизгледниот епилог.