Актуелно

Алкалоид со пехар ќе ја почне евро сезоната

Фото: РК Алкалоид / Филип Вирановски

Екипата на Алкалоид следната сезона во европските натпреварувања ќе ја почне со подигање на победнички пехар.
Македонскиот клуб е победник на ЕХФ Европски Куп, но поради напуштањето на натпреварот од страна на АЕК, потоа десетдневното чекање да биде донесена одлука, па другите активности во ЕХФ, сезоната заврши, а победничкиот пехар не беше доделен.

Алкалоид ќе го добие пехарот од ЕХФ Европскиот Куп на првиот натпревар на домашен терен во следната сезона во Европа.

Отворено е прашањето во кое натпреварување ќе биде Алкалоид, дали во ЕХФ Европската лига или пак ќе го брани пехарот во ЕХФ Европскиот Куп. Триумфот во ЕХФ Европскиот Куп би можел да значи и директно место во групната фаза на ЕХФ Европската лига место играње на квалификации. Нема да биде прв пат да има таква надградба, а минатата сезона имаше и специјален тип на квалфикации. Што ќе биде ќе дознаеме следниот месец кога ќе бидат објавени ранкинзите за европските купови.