Трајкоски на голот на Бутел Скопје

Фото: РК Бутел Скопје

Екипата на Бутел Скопје најде одлично решение на голманската позиција од која летово во ГРК Охрид замина Бојан Блажески.
Благојче Трајкоски доаѓа во редовите на Бутел Скопје со што клубот добива искусен голман кој минатите сезони, од 2022 беше дел од екипата на Алкалоид. Претходно има настапувано и за екипите на Е. Пелистер, Охрид, Макс Струмица, Радовиш, Куманово. Трајкоски има и репрезентативно педигре, беше дел од репрезентацијата што Лино Червар ја водеше на СП 2017 каде што Македонија стана првата репрезентација во светот што на мундијал ја демонстрираше во живо играта седум на шест. 

Бутел Скопје претходно ја продолжи соработката со тренерот Горан Кузманоски и средниот бек Димитар Ѓеоргиевски, а се раздели со Бојан Блажески, Антонио Николоски, Драган Шољиќ, Христијан Милошески и Кристијан Давитковски.