Червар: Скандинавците го скроија ракометот како одело по нивна мерка

Photo: RK Metalurg

Лино Червар, еден од најдобрите светски ракометни стручњаци објави интервју во хрватскиот медиум net.hr во кое имаше што да каже и за Магдебург, за правилата, судиите, „атомскиот“ ракомет и како да се победи скандинавскиот систем...

Нема уште долго да биде заборавено името Лино Червар во Македонија, иако минаа речиси 10 години откако замина од Автокоманда. Секогаш со свој став, често два-три потега понапред од противникот, размислувања на секоја тема, особено на тоа како можат помалите и посиромашните да излезат на крај со финалниот производ на ЕХФ.
Имаше што да каже за Нет, познатиот хрватски стручњак кој има и македонски пасош и државјансто. Според него, состојбата во ракометот е алармантна.

„Ракометот неприродно е забрзан и до израз сега доаѓаат малите играчи, индивидуалци на сметка на високите ракометари и бековите шутери“, ја парафразираме изјавата на Червар, која се однесуваше во прв ред на новиот европски шампион Магдебург и на нивното трио Кристијансон, Гудмундсон и Клар.

„Тие тројца во времето на високите играчи, на одбраната на „зборнаја“ немаше да и дадат гол цела недела. Не цел натпревар, туку цела недела“, изјави Червар.

„Напишав книга во која се осврнав на проактивната одбрана 5-1, 3-2-1 и 6-0, тоа е одбрана што е револуционерна, што не се брани туку го напаѓа нападот. Тоа е иднината, со таква одбрана ќе ги победиме и тие нови скандинавски правила“, изјави меѓудругото познатиот стратег и имаше уште неколку добри поенти во објавата. 

Целото интервју на Лино Червар можете да го прочитате на следниот ЛИНК.