Одредени шеширите за ждрепката во ЛШ

Фото: MKD Handball

Европската ракометна федерација ги објави шеширите според кој ќе се изврши утрешната ждрепка во Лигата на шампионите во која е и македонскиот првак Еурофарм Пелистер.
Сите екипи се можни противници на македонскиот претставник, а ќе биде сместен во третиот шешир.
Ждрепката ќе биде полудиригирана, две екипи од иста држава нема да можат да играат меѓусебе во групната фаза, па затоа во вториот шешир се наоѓаат пет екипи и тоа од државите што ќе имаат по два претставника.
 

1. ШЕШИР: Берлин, Барса, ПСЖ, Алборг, Висла, Веспрем

2. ШЕШИР: Магдебург, Нант, ГОГ, Келце, Сегед,

3. ШЕШИР: Е. Пелистер, Динамо, Спортинг, Колстад, Загреб,

Ждрепката ќе се одржи утре со почеток од 15:00 часот,  директно ќе биде пренесувана на ТВ Арена Спорт 1. 
Првото коло од Лигата на шампионите ќе се игра на 10/11 септември.