Наум Танески на клупата на Прилеп

Фото креатива: РК Прилеп

Прилепчани се прилично активни неделава и по продолжените договори на голманот Иван Ангелески и на пикерот Александар Тренчевски, денеска го промовираа и новиот тренер.

Наум Танески, струшкиот тренер кој освен во Струга, работи и како селектор на новата младинска репрезентација на Македонија ќе биде задолжен да го води некогашниот освојувач на Куп на Македонија.

Прилепчани минатата сезона играа Плејаут, но опстанокот не им беше доведен во прашање. Сега составуваат екипа што следната сезона во најамала рака ќе го стори истото, а идеално би било ако успеат да се пласираат во горниот дел на табелата и да играат Плејоф.