Јагуриновски може да здивне

Фото: ГРК Охрид

Десау Рослер, новиот клуб на македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски успеа да го потврди опстанокот во Втората Бундеслига денеска, во преиграниот натпревар со екипата на Есен.
Десау славеше победа од 28-27 над Есен во меч одигран во април, а потоа ја заврши сезоната на средината на табелата. Но, германскиот суд реши тој меч да се преигра поради нерегуларност во финишот на натпревар, а на табелата која беше толку многу изедначена, ако Десау Рослер денеска беше поразен, ќе испаднеше во Третата Бундеслига.

Но, Деасу Рослер денеска победи и поубедливо отколку во првенството (30-24) и го потврди својот статус на второлигаш.