Двајца Мароканци избегале во Полска

Photo: IHF/KOLEKTIFF

Двајца репрезентативци на Мароко У21, репрезентација која го освои 22 место и со која играше и македонскиот јуниорски тим на СП во Полска, „исчезнале“ од репрезентативниот камп.

Тоа се голманот Усама Хакуи и десното крило Мубарак Месуди, двајцата играчи од ист клуб, Унион Нуаесер јавува холандски ракометен портал.
Наводно, од мароканскиот тим потврдиле дека двајцата контактирале со свои роднини пред да заминат од хотелот, што е индикација дека избегале со намера да останат во ЕУ. Потрагата засега е без резултат.