Младост пријави петто засилување

Фото: РК Алкалоид

Екипата на Младост Богданци денеска го промовираше и петтото засилување за следната сезона. Нов играч, односно повратник во тимот на Младост е леворакиот ракометар Никола Димитров кој може да покрие две позиции и да игра и како бек и како крило.

Димитров настапуваше за Младост во сезоната 2020-21 и остави добар добар впечаток, што беше доволно за повик за повратна карта во Богданци.
Последниот клуб на Димитров беше велешки Борец ФЛ, клуб кој неславно заврши со исфрлање од Суперлигата откако немаше доволно ракометари во тимот за настап во Куп на Македонија.

Младост 1977 Богданци на хартија веќе има состав што е рамо до рамо до дел од суперлигашите и неговата главна мисија следната сезона ќе биде враќање во елитата. Покрај Димитров, клубот ги ангажираше и Лазар Адамовиќ, Даниел Андоновски, Никита Соколов и Гоце Аргиров, а промена има и на тренерската позиција каде што ново име е Горан Андоновски.