Го освоија ЕХФ, па се откажаа од Европа

Photo: Valur/Handball

Екипата на Валур од Исланд, победникот на ЕХФ Европскиот Куп од сезоната 2023/24, а подоцна противник на Вардар во групната фаза на ЕХФ Европската лига, оваа година нема да се натпреварува во Европа.
Причините се финансиски, Валур има два тима кои едноподруго го освоија ЕХФ Европскиот Куп. Во сезоната 2023-24 машкиот клуб, а лани, 2024-25 женскиот клуб го освои ЕХФ Европскиот Куп. Следната сезона, само женската екипа на Валур ќе се натпреварува во Европа. Шампионот Фрам, Хафнарфјордур и Стјарнан ќе го претставуваат Исланд во Европа, каде што имаат право да пријават две екипи во ЕХФ Европската лига и две екипи во ЕХФ Европскиот Куп.