Пцуеше, навредуваше и си плати со оставка!

Photo: HRS/Sportcom

Борис Дворшек е добро познат хрватски тренер, релативно ценет, препознатлив по работа со млади категории, со запишани ангажмани во младински категории во Загреб и во женските и машките репрезентации на Хрватска.

Борис Дворшек од денеска ќе буде уште повеќе познат, но веќе нема да биде ценет. Прашање е дали некогаш воопшто ќе работи со младите категории на Хрватска или во кој било хрватски клуб.

Борис Дворшек денеска си поднесе оставка од позицијата селектор на У21 репрезентацијата на Хрватска. Не ја поднесе затоа што беше 12 место на СП во Полска, најслабо досега или затоа што така сакаше. Мораше да ја поднесе затоа што во јавноста беше објавена седуминутна аудио снимка од соблекувалната. Неговиот „мотивациски“ говор на полувремето од натпреварот со Австрија.

Борис Дворшек ги омаловажуваше и навредуваше своите млади ракометари, почна да ги пцуе, да ги пцуе и нивните мајки итн. Ги омаловажи и хрватските клубови, освен Загреб, Нексе и Сесвете другите ги нарече рекреации што не ги „рачуна“.

Откако беа откриени неговите мотивациски методи и до јавноста допре неговиот говор, неговиот тренерски мандат беше запечатен.