ПАОК го претстави Темелкоски

По четири години минати во екипата на ГРК Тиквеш, крилниот ракометар Евгениј Темелкоски преминува во грчкиот тим ПАОК од Солун. 
Грците го промовираа македонскиот играч како вредно засилување, а договорот е едногодишен, засега само за претстојната сезона. 

„Чест ми е што ќе играм во клуб во историски клуб со неверојани фанови и богата историја“, изјави Темелковски за веб страната на грчката екипа. 

ГРК Тиквеш загуби уште еден играч и во моментов воопшто не е во добра ситуација гледајќи го нивниот играчки кадар.