Годен во ПСЖ, Менса Ларсен во Скјерн?

PHOTO © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 via Wikimedia Commons

Уште еден домино ефект во екот на трансфер сезоната е на повидок, а опфаќа два големи клубови, какви што се ПСЖ и Скјерн. 
Францускиот лев/среден бек, Ноа Годен, син на славниот голман Кристијан Годен наводно заминува од екипата на Скјерн и ќе се приклучи на реновираниот француски шампион Пари Сен Жермен. 
Неговото место во данскиот клуб би требало да го пополни легендарен дански ракометар - Мадс Меса Ларсен кој една година порано би заминал од Флензбург доколку дојде до договор и реализација.