Охрид и Бутел имаа среќа, Тиквеш немаше

Фото: ГРК Охрид


Екипите на РК Бутел Скопје, ГРК Охрид и ГРК Тиквеш ги добија противниците за ЕХФ Европскиот Куп. Противници добија и трите македонски екипи што ќе се натпреваруваат во овој Куп во женска конкуренција.


Македонија и следната сезона ќе има претставник во ЕХФ Европскиот Куп што ќе атакува на освојување на победничкиот пехар. ГРК Охрид сезонава состави силен тим кој би требало да игра една од клучните улоги во ова натпреварување. Екипите на ГРК Тиквеш и РК Бутел Скопје исто така ќе играат во ЕХФ Европскиот Куп.
Денеска во Виена беа извлечени паровите за првите две кола, а трите машки македонски екипи ги дознаа противниците.

Екипата на РК Бутел Скопје со вајлд карта игра во ова натпреварување и ќе почне од првото коло во кое противник ќе и биде екипата на Дуделанж од Луксембург. Првиот меч ќе биде гостински за Бутел Скопје.
Ако скопскиот тим успее да ја мине првата препрека, во второто коло за противник ќе го има тимот на Раховец од Косово.
Првиот меч Бутел Скопје ќе го одигра на 6/7 септември, реваншот е седум дена подоцна.

Екипите на ГРК Охрид и ГРК Тиквеш првите натпревари ќе ги играат на 11/12 октовмри, а реванш натпреварите се седум дена подоцна.

ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП

1. КОЛО
ДУДЕЛАНЖ (ЛУКСЕМБУРГ) - БУТЕЛ СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
2. КОЛО
БЕШИКТАШ (ТУРЦИЈА) - ГРК ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)
БАКИ (АЗЕРБЕЈЏАН) - ГРК ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
РАХОВЕЦ (КОСОВО) - ДУДЕЛАНЖ / БУТЕЛ СКОПЈЕ 



ЖЕНСКИ КЛУБОВИ ВО ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП

Македонија следната европска сезона во ЕХФ Европскиот Куп во женска конкуренција како свои претставници ќе ги има екипите на Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Чаир и Куманово.
ЖРК Ѓорче Петров е пласиран во второто коло и својот противник ќе го добие на седми октомври кога ќе се одржи ждрепката за второто коло.

АЈДОВЧИНА (СЛОВЕНИЈА) - ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (МАКЕДОНИЈА) - РЕД БОЈС ДИФЕРДАНЖ (ЛУКСЕМБУРГ)
КАСКАДА ГАРЛИАВА (ЛИТВАНИЈА) - ЖРК КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)


Првите натпревари ќе се играат на 27/28 септември, реванш натпреварите се една недела подоцна.