Германскиот првак е пред банкрот

Фото: mkdhandball

Германскиот шампион во женска конкуренција, екипата на Лудвигсбург преживува тешки и тензични моменти откако компанијата што стои зад клубот поднесе апликација за несолвентност односно банкрот.

Поднесување на апликација и прогласување на банкрот не е исто, но во случајов ваквите изјави изгледаат релативизирачки, а клубот се однесува како давеник кој бара сламка за спас.

Дека ситуација е сериозна говори и соопштението на ЕХФ кој побарал одговори од германскиот клуб и е загрижен затоа што тие се пријавени за учество во Лигата на шампионите. ЕХФ објави дека нема да го коментира случајот сѐ додека нема комплетна информација за состојбата кај германскиот првак.