Photo: SG Suhr Arau
Македонскиот интернационалец Мартин Поповски нема да ја одработи последната година од договорот со швајцарската екипа Амичитија која е во поголеми финансиски проблеми и потпиша тригодишен договор со екипата на Сур Арау.
„Ја одбрав оваа екипа затоа што е млада, има многу потенцијал, а од лично искуство знам дека на секој натпревар игра со срце. Со нетрпение го очекувам почетокот на сезоната“, изјави Поповски за клупскиот сајт на својот нов клуб.
СГ Сур Арау е екипа што има долга традиција, македонските љубители на ракомет можеби ќе се сетат дека оваа екипа во 1999 го елиминираше Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите. Тоа впрочем е и нивниот најголем успех на европската сцена. Од 2007 до 2021 не играа во Европа, а потоа одново се појавија во ЕХФ Европскиот Куп каде што во 2022 стигнаа до 1/4 финалето.
Мартин Поповски (30) по освоената шампионска титула во 2019 премина во Амичитија Цирих каде што играше досега.
lle, which he already appreciated as an opponent. "I'm looking forward to being able to feel the mood on the other side soon."