Карачиќ претставен во РК Загреб

Foto: RK Zagreb

Игор Карачиќ денеска беше претставен како ново големо засилување за Загреб, првиот противник на Е. Пелистер во Лигата на шампионите следната сезона.
Карачиќ во Загреб доаѓа од редовите на Келце каде што мина шест сезони. Во Загреб ќе остане најмалку две сезони. 
„Имав доста опции за продолжување на кариерата, но некоја интуиција мед водеше да чекам и да не потпишувам ништо и така на крајот стигнав таму каде што требаше да стигнам“, изјави Карачиќ на прес конференцијата организирана по повод трансферот.