РНЛ на шопинг во Хановер-Бургдорф

Photo: Rhein Neckar Loewen

Рајн Некар Ловен го официјализираше трансферот на десното крило на Хановер-Бургдорф за следната сезона. Мариус Стехнаузер доаѓа од Хановер-Бургдорф во РНЛ како замена за легендарниот Патрик Гроцки кој во јуни ќе ја заврши кариерата.
Хановер-Бургдорф веќе има пикирано и замена за Стенхаузер, а тоа е репрезентативецот на Германија Тино Кастенинг кој во моментов игра за екипата на Мелзунген.
Стехнаузер, пак, ќе имаме можност да го гледаме на дуелите меѓу Хановер-Бургдорф и Алкалоид во квалификациите за ЕХФ Европската лига.