-
05.8.2025
-
Планета ракомет
Фото: РК Вардар/Архива
Поранешниот ракометар на Вардар и еден од играчите што беше потенцијално засилување за Е. Пелистер, Анте Кудуз, по 10 години ќе се врати во екипата на Дижон од Франција. Неговиот старо-нов клуб сезонава се врати во француската елита и се засилува во обид да го одбрани статусот. Хрватот кој има и романски пасош минатата сезона играше за Динамо Букурешт, а неодамна беше поврзуван и со транфер во Бундеслигата.
Анте Кудуз во Дижон ќе биде соиграч со екс играчот на Е. Пелистер, Руди Сери, кој од Каен сезонава се сели кај повратникот во најсилната француска лига.
Подготовките уште не се „почнати“, а Кил веќе има проблем со повреди. Ерик Јохансон, шведскиот бек има проблем со коленото. Засега не е опасна повреда, но тој нема да игра на турнирот во Добој (12-16 август).
Женскиот првак на Германија, ХБ Лудвигсбург ги информираше своите ракометарки дека се ослободени од договорите и можат да бараат нов клуб или да останат и да играат со намалени плати. Оваа одлука клубот им ја соопшти на играчите откако две недели по аплицирањето за банкрот, не успеаја да ја стабилизираат состојбата.
Откако се пензионираше Патрик Винцек, левото крило Руне Дамке го зазема неговото место во капитенското трио заедно со Домагој Дувњак и Никола Билик и стана првиот играч на Кил од сопствен погон кој ја добил честа да биде капитен.
Јулијан Костер од Гумерзбах, потпиша за Кил до 2030 година. Трансферот ќе биде активен од јули 2026.