Фото: РК Алкалоид
Дамјан Митев минатата влезе во оганот кога сезоната беше најжешка за Алкалоид. Во отсуство на двајцата повредени стартери, помладиот Митев одеднаш на свои плеќи крена голем товар и понесе една од главните улоги во најважните натпревари, особено на европската сцена. Испитот успешно го положи, Алкалоид го освои својот прв европски пехар, а во следната сезона и младиот Митев влегува со многу поголемо искуство и самодоверба.
Предизвиците ќе бидат поголеми и потешки, почнувајќи од првиот натпревар на кој ждрепкат на РК Алкалоид му додели бундеслигаш во квалификациите, но скопскиот клуб одамна го има одбрано својот пат, а тој вообичаено е потешкиот.

„Подготовките течат на највисоко ниво. Задоволен сум многу од екипата, имаме добра хемија се бориме еден за друг. И оваа нова сезона нѐ чека тежок предизвик, играме со Хановер на 31 август на гостински терен. Станува збор за тежок ривал, ќе се бориме и нема да се откажеме. После следува реваншот во Скопје и ќе се обидеме да се покажеме во најдобро светло.Оваа година Супер-лигата ќе биде една од посилните и поквалитетна, ќе се бориме, очекуваме високи резултати, изјави Дамјан Митев