Коцев: Суперлигата ќе биде најтешката досега

Фото: ГРК Тиквеш

ГРК Тиквеш летово мина низ поголема играчка трансформација и следната сезона кавадаречките фанови ќе можат да гледаат состав во кој простор за докажување ќе имаат неколку нови лица.
Среќата не им беше наклонета во ждрепката за ЕХФ Европскиот Куп, за противник го добија турскиот првак Бешикташ, но од друга страна, тоа е шанса да се проверат на кое скалило во Европа се наоѓаат во моментов.
 

,,Ни претстои исклучително тешка сезона. Македонската лига заедно со клубовите од година в година расте и мислам дека оваа сезона лигата ќе биде најквалитетна до сега, но истовремено и најтешка.
Доста играчи заминаа од минатата сезона, но костурот на екипата е задржан и донесени се нови играчи, дел странци, дел македонски млади играчи кои знаат како е да се игра во македонската лига. На нас играчите кои сме подолго во клубот ни останува да им помогнеме на новите играчи да се адаптираат и да направиме добра хемија во клубот.
Тренираме напорно и сите знаеме дека овој припремен период е многу важен како на физички, така и на тактички план. Ни следуваат турнирите во Струга и Прилеп кои ќе ни помогнат да се вклопиме подобро на терен и со тоа спремни да го дочекаме почетокот на новата сезона и да имаме добро издание во европскиот куп'', изјави Димитар Коцев