Горење менува управа, Германците го сакаат Баерн Минхен во ракомет...

Photo: RK Gorenje

Вториот според успех клуб во Словенија, екипата на Горење Велење ќе има нова управа. Претседателот Јанеж Гамс и поранешниот репрезентативец сега во улога на директор Роман Пунгартник поднесоа оставки на годишното собрание, а со нив и уште двајца членови на УО на клубот.

Словенечките ракометни работници се простија од Штефан Југ, своевремено еден од најдобрите светски судии. Штефан Југ почина на 82 годишна возраст, само месец и пол откако замина и Херберт Јеглиќ со кого судеше како пар, меѓудругото и на 11 Светски првенства и на Олимписките Игри во Сеул и Барселона.

Германската ракометна федерација има амбициозен план да го привлече/вовлече Баерн Минхен во ракометните води. Малку познат факт е дека Баерн Минхен всушност и има ракометен колектив, но тој годинава испадна и од петтата дивизија.

Минхен како и да е, останува атрактивен за експлоатација, па така германскиот Супер Куп (Кил – Берлин) ќе се игра во Минхен во обид да се популаризира ракометот во еден од најразвиените индустриски центри во Германија.

Две недели откако ја изрече, некогашниот европски првак Виборг ја продолжи суспензијата на својот најдобар стрелец Кристине Педерсен на неодредено време. Педерсен е во конфликт со соиграчите кои се заканиле дека нема да доаѓаат на тренинг и да играат ако е и таа во тимот.