Фото: ГРК Охрид
Турнирот во Охрид продолжува денеска со натпреварите од второто коло во кое за прв пат на теренот во Билјанини извори ќе ги видиме екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Тримо Требње. Тие ќе играат меѓусебе на дуелот закажан во 18:45.
Пред нив, од 16:30 ќе играат Киндил од Фарски острови и хрватскиот вицепрвак Нексе.
Големиот меч за домашниот ГРК Охрид е закажан во 21:00 часот, а противник на охридскиот состав ќе биде екипата на Партизан од Белград.
Вчера се одиграа три натпревари на кои се постигнати следниве резултати:
ВАРДАР - ДИНАМО ПАНЧЕВО 29-27
ОХРИД - КИНДИЛ 39-25
ПАРТИЗАН - НЕКСЕ 26-24
Екипите на РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер утре прв пат ќе ги одмерат силите со своите нови состави склопени во пресрет на сезоната во која битолчани ја бранат шампионската титула, а Вардар 1961 кој е Куп победник ќе им биде најсериозниот ривал во таа трка.