Шиме Ивиќ го одбра АЕК

Photo: AEK

Хрватскиот десен бек Шиме Ивиќ (32) заминува од францускиот клуб Лимож каде што последната сезона играше како позајмен играч од Екс Прованс и ќе му се приклучи на грчкиот тим АЕК Атина, финалистот на ЕХФ Европскиот Куп.
Шиме Ивиќ игра на позицијата десен бек и во кариерата настапувал повеќе екипи од кои најзвучни се Нант, Целје, Мешков Брест, Лајпциг...
Летово беше споменуван и за трансфер во македонска екипа.
АЕК се спрема за жестока трка со Олимпијакос од кого во драматично плејоф финале ја загуби шампионската трка минатата сезона, а беше поразен и од Алкалоид во финалето на ЕХФ Европскиот Куп по што беше и парично казнет и суспендиран од ЕХФ затоа што го напушти теренот во Скопје во реванш финалето на ова европско натпреварување.