Фото: ГРК Охрид
Веројатно најочекуваниот дуел на четвртиот охридски меморијал е првата пресметка на новите екипи на РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер.
Акуелниот освојувач на Куп на Македонија и бранител на охридскиот пехар, против актуелниот шампион на Македонија ќе се сретнат вечерва од 21:00 часот.
За прв пат ќе имаме можност да ги видиме на дело едни против други и да правиме споредби. Очекувањата не се највисоки, не само затоа што е контролен меч, туку и затоа што овие два тима во следните десетина дена ќе се сретнат уште двапати. На турнир во Скопје и во Суперкуп на Македонија. Последниот меч ќе ја има најголемата тежина, но првиот дуел може да биде смерница, да симне малку од притисокот што веќе се јавува и да му донесе психолошка предност на победникот.
Мечот почнува во 21:00 часот.
ОХРИД 2025
Резултати:
Охрид – Партизан 30-25
Е. Пелистер – Тримо 32-32
Нексе – Киндил 28-20
Денеска:
16:30 Партизан – Киндил
18:45 Динамо - Тримо
21:00 Е. Пелистер – Вардар 1961