Пивот од Бразил доаѓа во Богданци

Фото: mkdhandball

Откако не беше реализиран најавениот трансфер на белорускиот пивот Никита Соколов, екипата на РК Младост Богданци 1977 продолжи со потрагата по линиски напаѓач која заврши во Бразил, во екипата на Сао Каетано.

Богданчани денеска објавија дека се договориле со бразилскиот ракометар и тој треба да биде еден од нивните главни играчи во битката за влез во Суперлигата.

Жоао Габриел Диас Гекас (23) годишен ракометар е новото засилување во екипата на РК Младост 1977 !
Жоао Габриел е корпулентен играч, висок 193 см, поранешен младински репрезентативец на Бразил кој настапува на пивотменската позиција и со големо искуство доаѓа од бразилската лига од тимот на Сао Каетано каде беше еден од најдобрите играчи минатата сезона во бразилската лига.

Жоао Габриел со неговото големо искуство треба да биде еден од главните играчи оваа сезона на патот кон влез во Супер лигата !