-
23.8.2025
-
Планета ракомет
Фото: mkdhandball
Европскиот првак СЦ Магдебург меѓу египетскиот голман Карим Хендави и хрватскиот Матеј Мандиќ се одлучи за голманот на РК Загреб и потпиша трансфер што е важечки веднаш. СЦ Магдебург мораше да бара нов голман, откако проблемите на Никола Портнер со допинг аферата завршија со кратка суспензија до декември. РК Загреб (ќе) бара нов голман, кого ќе го видиме и на дуелите со РК Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.
Норвешкиот стратег Бент Дал е сменет од позицијата селектор на женската репрезентација на Србија уште пред да научи „две“ реченици на српски. Нов селектор, сепак, нема да биде францускиот тренер Емануел Мајонад како што се веруваше, туку шпанскиот тренер Хозе Инасио Прадес. Сега Србија има Шпанци за селектори и на машката и на женската репрезентација.
Данскиот ХК Виборг го комплетираше хаотичното поглавје со разделба со тренрот Оле Битх и најдобриот стрелец Кристина Педерсен. Сѐ почна откако соиграчите на Педерсен одбиле да тренираат доколку и таа е во тимот. Причините остнаа скриени, а хаосот имаше и епилог во кој ХК Виборг прво објави дека се разделиле со Педерсен, па ја повлече објавата, за по неколку часа повторно да ја постира на својот веб сајт.
Симон Питлик, данскиот бек кој настапува за СГ Флензбург – Хандевит имаше успешно враќање на теренот по повредата поради која неколку месеци беше надвор од теренот.
Денеска официјално почнува сезоната во три првенства. Првите натпревари се играат во Суперкуп натпреварувањето во Германија, Португалија и Данска.