Првите пехари за Берлин и Спортинг

Фото: mkdhandball

Екипата на Фуксе Берлин го совлада тимот на Кил (34-33) на првиот официјален меч во Германија сезонава – Суперкуп. Берлин до победничкиот пехар стигна преку пенали.
Голманот на Кил, Андреас Волф ги одбрани ударите на Нилс Лихтлејн и Матијас Гидсел, но на спротивната страна Емил Мадсен ја погоди пречката, а Дејан Милосављев ги одбрани ударите на Емре Бенце и на најдобриот стрелец во текот на мечот - Елијас Скипаготу.

За разлика од Германија, во Суперкуп на Португалија немаше неизвесност, а екипата на Спортинг предводена од Кико Кошта (9 гола) беше убедлива против Порто и победи (36-29) освојувајќи го третиот по ред од вкупно шест пехари во ова натпреварување.

Денеска се игра уште еден Суперкуп, а актери се данските екипи Алборг и Скјерн.