Томовски блесна на премиерата во Дрезден

Фото: РФМ

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше многу успешна премиерата во Втората Бундеслига. На отворањето на сезоната, македонскиот голман според официјалната статистика на Бундеслигата имаше 20 одбрани, а неговиот нов тим Битенхајм победи 28-24 на гостински терен во Дрезден против екипата на Елбфлоренц.

Одбраните на Мартин Томовски беа клучни за првите бодови на екипата која минатата сезона испадна, а сезонава планира експресно да се врати назад во најсилната германска и воопшто светска ракометна лига.