Алкалоид тренираше во Хановер, денеска е првиот меч од ЕХФ Европската лига

Од Хановер, Ристо Ѓамовски
Фото: РК Алкалоид

РК Алкалоид е во Хановер-Бургдорф и ги одбројува последните часови до почетокот на првиот официјален натпревар сезонава, квалификацискиот дуел во ЕХФ Европската лига со ТСВ Хановер-Бургдорф.
РК Алкалоид со 18 ракометари допатува во Германија, тренерот Кирил Лазаров, денеска ќе одлучи за конечниот изглед на ростерот. 

Екипата одржа еден тренинг во Хановер, денеска ќе ја одржи свежината и попладне со почеток од 17 часот ќе истрча на терен во „Свис Лајф Арена“. Според најавите, салата која собира 4.500 посетители ќе биде исполнета, а РК Алкалоид ќе има поддршка од поголема група на македонски фанови.

ТВ пренос од денешниот натпревар ќе се емитува на МТВ1.